Ким Кардашијан прогласена за „маж на годината“

Според магазинот „Џеј-Кју“ (GQ), ријалити ѕвездата Ким Кардашијан е прогласена за „маж на годината“.

Оваа вест популарното списание и Ким Кардашијан ја споделија на своите социјални мрежи, каде на насловната страница на новиот број кој ќе излезе на 28 ноември, Ким позира облечена во машки костум.

„Џеј-Кју“ одлучи да ја прогласи за „маж на годината“ бидејќи нејзиниот моден бренд СКИМС (SKIMS) лансираше колекција за мажи вредна околу четири милијарди долари.

Кардашијан верува дека како што жените понекогаш можат да се чувствуваат несигурни за своето тело и да користат облека за обликување, така и мажите можат да ги имаат истите несигурности без разлика дали сакаат да зборуваат за тоа или не.

Откако го прошири опсегот на нејзиниот бренд, 43-годишната ѕвезда рече дека нејзината љубов кон машката облека ја има со години бидејќи често си играла во плакарот на нејзиниот татко, Роберт Кардашијан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e