Кејт и Вилијам веќе не размислуваат за помирување со Хари и Меган

Џени Бонд, поранешен кралски дописник на Би-Би-Си, откри дека е многу јасно дека Кејт Мидлтон била „повредена и навредена од работите што ги кажале Хари и Меган“. Таа опиша како принцот Вилијам и неговата сопруга се обиделе да го поправат јазот во кралското семејство на погребот на принцот Филип во април 2021 година, но по „жестока расправија“ станало јасно дека тоа не е можно.

„Доаѓа момент кога едноставно треба да го прифатите фактот дека среќните семејства не се игра што секој може да ја игра“, изјави Џени Бонд за ОК магазинот.

Според Бонд, Кетрин била повредена и навредена од работите што ги кажаа Хари и Меган, но вели дека таа и Вилијам се „многу силен тим“ и мисли дека заедно дојдоа до заклучок дека јазот со Хари не може да се поправи во догледна иднина.

„Тие ја отфрлија секоја можност за сценарио за помирување и решија да продолжат со своите животи“, вели Бонд.

Раздорот меѓу принцот Хари и принцот Вилијам првпат се појави во 2019 година, кога тие потврдија дека тргнале по „различни патишта“ во животот. Тој јаз се продлабочи во јануари 2020 година, кога Хари и Меган официјално се повлекоа како работни членови на кралското семејство и се преселија во Калифорнија, каде што останаа.

Иако оттогаш принцот Хари во неколку наврати се враќаше во Обединетото Кралство, нарушената врска не беше поправена. Познатата четворка, некогаш наречена „Фаб четворка“, дури беа фотографирани заедно на погребот на кралицата во Виндзор.

Сепак, многу е веројатно дека бројните тврдења изнесени во документарната серија објавена од Меган и Хари, како и во книгата на принцот „Резерва“, дополнително ја зголемиле тензијата во врската.

Џени Бонд рече дека, како и неговиот татко, „Вилијам може да биде доста лут, но Кетрин е вешта да го смирува својот сопруг“. Таа додаде дека е сигурна дека Вилијам и Кејт се „голема поддршка еден за друг и дека Кетрин е најневеројатниот извор на охрабрување за Вилијам“.

Нивниот брак се заснова на „трајно пријателство“, изјави овој кралски експерт.

„Сигурна сум дека Вилијам ја црпи од врската со Кејт силата што му е потребна за да ја надмине загубата на неговиот придружник, неговиот брат“, додава таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e