Карлеуша покажа како ќе изгледа матурскиот фустан на ќерка си Ника

Ќерките на поп дивата Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се во центарот на медиумскиот интерес уште од првиот ден од нивното раѓање.

Јелена Карлеуша редовно се огласува преку социјалните мрежи, откривајќи детали од нејзиниот приватен и семеен живот.
Денес пак, се огласи со причина и ги изненади своите фанови.

Таа сподели фотографија од помладата ќерка Ника дотерана во матурски фустан.

„Мојот пријател Бојан го направи најубавиот матурски фустан за ќерка ми Ника“ – напиша таа.
Ника е облечена во син макси фустан, со спуштени рамени и изгледа секси во модниот избор.
d

Да потсетиме, Ника Тошиќ неодамна им се обрати на своите следбеници на ТикТок за матурата. Таа беше во недоумица дали да оди на матура или не.

– Не знам што ќе правам за матура, дали да одам или не… Традиција е да се поканат наставниците, од почит, но не сакам да поканам никого. И кога сфатив дека оди и друго одделение, не само VIII-1, навистина… не можам да издржам – се пожали Ника.
– Но, ако не одам, знам дека подоцна ќе се каам. Повеќето мои пријатели не одат, што е навистина глупаво, но штета е. Ќе бидам со другите мои пријатели. Малкумина одат, веројатно поради наставниците. Јас не би одела само поради наставниците, но немам избор.

– Се уште не знам што да облечам. Но, дотогаш дефинитивно ќе ослабам уште пет килограми. Сега изгубив три килограми за една недела. Едвај чекам да бидам згодна! И се подготвувам да ги испробам новите работи што ги купив – заклучи Ника на „ТикТок“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e