По 11 години пауза, Јелена Карлеуша објави два албума наречени „Алфа“ и „Омега“ со кои ја воодушеви верната публика која долго време чекаше нови изданија.
Набргу по промоцијата и успехот на двата албума, таа реши да одржи спектакуларен настап во Белград на вода. Влезот беше бесплатен, а речиси и немаше ѕвезда која не се појави на црвениот тепих. Откако ги собра впечатоците од концертот, во Утринска програма, Јелена ги коментираше колегите.
Додека за Милица Павловиќ, со која сними дует, имаше само пофални зборови, за Александра Пријовиќ, рече дека нејзината музика е „одамна отсвирена“.
„Само Милица има хит. Песната „Машала“ која годинава ја сними со мене“, изјави Карлеуша во емисијата „Први ред“, а потоа ја коментираше констатацијата на новинарот дека Пријовиќ има хит „Дам, дам, дам”:
„За чиј албум зборуваат?! Од се што беше снимено годинава, не се случи ниту еден голем хит. За мене песната на Пријовиќ е од 2001 година. Девојката е одлична, Звезде Гранда се одлични, но тие се само треш и мислам дека ние треба да одиме само напред. А не назад во 2001 година“, беше експлицитна Јелена во споменатата емисија.