Карлеуша се најде на „Нетфликс“ благодарение на Георгина!

По големиот успех кој го постигна по појавувањето на модната недела во Париз и откако прошета на модната писта, Јелена Карлеуша се најде на најпознатата филмска платформа „Нетфликс“!

Добро е познато дека поп-дивата запознала и се дружела со многу светски ѕвезди, а една од нив е манекенката Георгина Родригез, сопруга на фудбалерот Кристијано Роналдо.

Познато е дека двете диви брзо најдоа заеднички јазик, а заедно со деловната соработка се спријателија, а Јелена сега се најде во серијата на избраничката на Роналдо.


Родригез објави епизода во која е прикажана неделата на модата во Париз „зад кулисите“, а една од ѕвездите која се најде во кадар е и Карлеуша.

Во една сцена Георгина ја фали креацијата на пејачката, истакнувајќи дека е воодушевена од нејзиниот талент и вкус.

– Вау, види го ова, колку е добро оделово! – вели Георгина.

– Тоа е нејзино – ѝ вели соработничката.

– Неверјатно, не ми се верува – вели партнерката на фудбалерот.

– Совршено е – се согласуваат и двете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e