Канје повторно ќе се кандидира за претседател на САД

Раперот Канје Вест (46) повторно планира да се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави, пренесува The U.S. SUN. Како што тврдат, сите надежи ги полага во сопругата Бјанка Ценсори.

Извор близок до раперот за странски медиум изјавил дека Канје 100 отсто ќе се кандидира за функција и дека неговата сопруга Бјанка „ќе биде совршена во улогата на прва дама“, пишува The Sun.

„Тој го донесе Дов за да му помогне да го води Yeezy, а Бјанка е одговорна за многу работи за да може да се фокусира на неговата претседателска кампања во 2024 година. Иако минатиот пат не беше успешен, тој направи пауза од очите на јавноста и е сега е многу подобро, бидејќи неговиот развод со Ким Кардашијан заврши“, рече изворот.

Во 2020 година, кога Канје се кандидираше за прв пат, потроши повеќе од 12 милиони долари на својата неуспешна кампања, но тоа не го спречи да се обиде повторно. Потоа ја основал својата претседателска партија „The Birthday Party“, и тврдел дека ако победат на изборите на сите ќе им биде роденден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e