Како изреагира Том Хенкс кога дозна дека никој не го позна во квиз

Актерот Том Хенкс гостуваше во талк шоуто Џими Кимел и ги насмеа гледачите со својата реакција на исечок од квизот „Jeopardy!“ во кој се спомнуваше неговото име.

Натпреварувачите во квизот им била покажана сцена со Хенкс, од неговиот филм „A Beautiful Day in the Neighborhood“, а тие требало да одговорат кој актер е во таа сцена. Буквално никој од натпреварувачите не го позна славниот Том Хенкс.

„Ме зафркавате! Ме зафркавате“, викал Хенкд во неверување откако го видел исечокот.

„Нема ниту грешни одговори“, се пошегувал актерот и додал: „Која категорија беше ова? Заборавени кариери за 800 долари? Лош кастинг за 1000 долари?“

Водителот потоа се обидел да го утеши, па му рекол дека можеби не го познале поради извонредната глума.

„Океј, ќе го прифатам тоа. Ти благодарам“, се смирил Хенкс.

Реакцијата на Том Хенкс стана хит на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e