Познатата италијанска дизајнерка Донатела Версаче се појави на хуманитарниот настан на фондацијата Керинг организиран од Сeлма Хаек и нејзиниот сопруг Франсоа Анри Пино.
Дизајнерката, како и обично, привлече внимание, а главно сите гледаа во нејзиното лице. Донатела почна со пластични операции во раните деведесетти, па сега e непрепознатлива.
-Не верувам дека жената треба да биде сосема природна, изјави еднаш Италијанката.
Познатата Италијанка избра тесен фустан во сирена крој во златна боја, украсен со пердуви, а екстравагантноста секако не и недостигаше.
Нејзиниот изглед во изминатите неколку години драстично се промени, па многу често името на Донатела Версаче може да го најдете на врвот на листата на познати личности кои претерале со естетската хирургија.