Јована Јеремиќ раскажа за срцевиот удар: Страшната болка во градите ме парализира, останав без воздух

Самокрунисата „кралица на рејтинзите“, водителката Јована Јеремиќ отсекогаш важела за жена со исклучителна енергија и харизма, а не е тајна дека многу се грижи за своето физичко здравје и за изгледот.

Сепак, и покрај сета грижа што ја води за себе, Јеремиќ доживеа слаб срцев удар додека беше на одмор со сега веќе бившиот сопруг Воислав Милошевиќ.

Доживеав лесна форма на срцев удар, кој, за среќа, не остави некакви последици. Не ми паднало на памет дека такво нешто може да ми се случи – се присети Јована и додаде:

Се сончав додека читав книга и во еден момент стана пеколно жешко, па буквално истрчав до морето и скокнав во водата. Одеднаш ми се слоши, почнав да се давам. Страшната болка во градите ме парализира, останав без воздух. Воја забележа дека нешто ми се случува, ме извади од водата, ми даде вештачко дишење и веднаш ме однесе во болница“, открива водителката.

Како што тогаш ѝ соопштиле лекарите, поради прегревањето и наглото скокање во студената вода, срцето ѝ застанало, но со брзата интервенција на бившиот сопруг, Јована ја примила потребната терапија и сега редовно зема лекови за да се чувствува добро.

Ми кажаа дека е срцев удар бидејќи прегреана скокнав во студената вода. Ги направија сите потребни тестови и примив терапија која редовно ја пијам. Па, сè е добро благодарение на мојот поранешен сопруг. Тој ми го спаси животот, а јас му го уништив одморот – изјави своевремено за „Свет“ водителката на Пинк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e