Јохансон искрено за бракот со Рајан Рејнолдс: Млада бев, не знаев што правам

Пред да ја запознае својата сегашна сопруга Блејк Лајвли, Рајан Рејнолдс беше оженет со една актерка – Скарлет Јохансон.

Парот беше во брак три години, од 2008 до 2011 година, а во своето ново интервју за Vanity Fair, Јохансон прозборе за тоа.

– Прв пат кога се омажив имав 23 години. Не знаев што правам бидејќи баш и не го разбирав бракот. Можеби сето тоа малку го романтизирав – раскажала актерката која, освен Рејнолдс, има уште еден поранешен сопруг.

Во 2014 година, Скарлет се омажи за францускиот новинар Ромејн Дјориак со кој ја има 5-годишната ќерка Росе и од кој, исто така се разведе во 2017 година.

Иако признава дека погрешила, се чини дека Скарлет не му замерува ништо на својот поранешен сопруг и колега.

– Тоа беше поразличен период од мојот живот. Мислам дека сега сум позрела и присутна и дека донесувам многу подобри одлуки – рекла Јоханосн која моментално повторно е верена за актерот Колин Џоста со кој е во врска малку повеќе од две години и верува дека ова конечно е вистинската работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ