Јадат памук, не носат влошки…Ова се строгите правила за манекенките?

Да се биде модел не е лесна работа. Модната индустрија има ригорозни правила и строги диети кои идните и сегашните модели слепо ги следат…

Светот на модата е премногу сурово место, а на девојката останува да одлучи дали сака да прифати такви услови за работа или не.

Во таа насока, манекенката Викторија Кејн ги откри бизарните работи кои се случуваат во модната индустрија, а моделите не можат да влијаат на нивната промена.

Нема одење во тоалет
Девојките не можат да го користат тоалетот дури и ако имаат менструација. Самата Викторија призна дека носела само црна облека кога имала циклус, за да не се видат евентуалните дамки од крв. Причината е што има премногу кастинг девојки и штом ќе го изгубите местото во редот поради одење во тоалет, мора да се вратите до крај.

Нема користење на vлошки
Улошките не смеат да се користат бидејќи се познаваат на облеката. Тампоните се дозволени, но под одредени услови. Конецот не смее никаде да штрчи, за случајно да не се гледа од алиштата. Поради ова, моделите најчесто го сечат со ножици, поради што имаат проблем да го извадат подоцна.

Не консумираат течности
Ревијата е голем настан, а за тој ден телото на манекенката мора да биде совршено. Во една прилика, самата Адриана Лима откри дека 12 часа пред снимање или ревија, воопшто не пие течност.

Јадат памук за да се заситат
Неодамна, манекенката Сани Педерсен ја отвори Пандорината кутија кога ги откри застрашувачките факти за жртвите што моделите ги прават за да ги исполнат наметнатите стандарди за убавина.

– Видов дека шеснаесетгодишна манекенка за малку ќе се убиела. Јадеше топчиња од памук само за да преживее, а да остане слаба – вели Сани.

Памучната вата останува доволно долго во желудникот за да ве засити, но ова е само еден од низата опасни по здравјето трикови на кои прибегнуваат манекенките.

Пушат и пијат кафе за исто така да бидат сити
Самата Викторија Кени призна дека не и било лесно. Кога дошла во Њујорк, пушела по 20 цигари дневно и живеела само од кафе. Резултатот?

– Немаше доволно месо на моите коски – признала таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e