Ирина Шајк го воодушеви светот поради рускиот начин на воспитување на својата ќерка Леа

Една од најбараните манекенки на денешницата, Ирина Шајк, од романсата со американскиот актер Бредли Купер, во 2017 година ја добила ќерката Леа де Сеин Шајк Купер.

Убавицата која со својот шарм и сексапил ја освои светската модна сцена, ги изненадила сите со начинот на кој го воспитала своето дете. Нејзините методи го воодушевиле целиот свет, особено кога одлучила да ги следи стапките на мајка си и баба ѝ во родителството.

Од првиот ден таа ја третирала ќерката како зрела личност, па малата Леа ја упатувала во многу животни ситуации.

Иако живее во изобилство, свесна била дека мајка ѝ пораснала во тешки услови, како и тоа дека слатки добивала само двапати годишно – за Нова година и за роденден.

Исто така, планетарно популарните родители сметаат дека една од најважните работи е Леа да научи дека успехот не доаѓа без напорен труд и работа.

Бесот на ќерка си го решила со поучна порака
Кога ќерката на Ирина „збеснала“ што мајка ѝ мора да оди на работа, манекенката ја смирила со само еден пример. Од тој момент, никогаш повеќе не се повторила слична ситуација.

„Имаме запалено светло во куќата, гледаш? Имаме храна во фрижидерот. За да го имаме сето ова, родителите треба да одат на работа“ – по оваа констатација Леа престанала да плаче поради заминувањето на мајка ѝ на работа.

„Магичниот“ збор „те молам“
Зборот „те молам“ бил задолжителен, бидејќи малата Леа нема да добие ништо што ќе посака без него. Љубезноста се подразбирала на прво место.

„Тактот и доброто однесување се всадуваат во девојчињата од раното детство“, изјавила Ирина.

Таа не ги заборава своите руски корени

Манекенката зборувала руски со својата ќерка, додека Леа говорела течно англиски со нејзиниот татко и пријателите.

Ирина никогаш не изнајмила дадилка, бидејќи нагласила дека верува само на себеси, на нејзината мајка и на Бредли кога е во прашање одгледувањето на детето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e