Има 92 килограм, јаде чоколади и сепак е најубава жена во светот – Ешли Греам

Ешли Греам, една од најубавите манекенки со вишок килограми во моментов, неодамна направила потег што предизвикал хаос на социјалните мрежи. Имено, кога на гала-настан во организација на магазинот Time се појавила во комплетно проѕирна креација, покренала лавина коментари. Во прв план биле нејзините бујни облини што само таа може да ги покаже со толкава самодоверба.

Имено, Ешли има 91 килограм, а изгледа како да има 60 и висока е 177 см. Многумина се прашуваат што јаде оваа жена во текот на денот и како ѝ успева толку добро да ги носи своите килограми.

Не брои калории
Ешли споделила со обожавателите некои романтични моменти од својот одмор, на пример како се бакнува со сопругот, но открила и што јаде на плажа. Па така, на една од фотографиите, најпознатата моделка со прекумерна тежина покажала дека ужива во пица, без разлика што тоа јадење важи за брза храна и за еден од понездравите оброци. На друга фотографија се гледа маса со чинија маслинки, леб, сирење, пијалаци и нејзината чинија која била полна со италијанска салата од домати и кромид. На фотографиите има и јаткасти плодови и каноли, кои таа особено ги обожава.

За разлика од повеќето познати дами, Ешли ужива во добрата храна и не се оптоварува со калориите.

Инаку, таа се прослави токму со својата крупна става и атрактивни облини, одбивајќи да се вклопи во стандардните калапи за убавина кои ја пропагираат слабата фигура како тренд меѓу манекенките и актерките.

Ако сакате да се погрижите за вашата форма, нејзиното дневно мени отприлика изгледа вака:

Појадок: кашест сок од кељ, ѓумбир, лимон, јаболка, цвекло и магдонос.
Ручек: киноа и интегрален ориз со зеленчук прелиен со мачканица од сусам.
Вечера: печен лосос со рукола и сладок компир.
Ешли признава дека не се откажува од чоколадото, а кога има слободен ден да јаде што сака, претпочита макарони со сирење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e