По освојувањето на златниот медал на Олимпијадата во Париз, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ прошета по патеката на шампионите во подножјето на Ајфеловата кула на познатиот Трокадеро. На социјалните мрежи тој сподели емотивна порака.
„Никогаш не можев да се откажам од сонот да го освојам овој златен медал, како што и српскиот народ никогаш не се откажа од мене.
Заедно верувавме во невозможното. Иако јас сум тој што го носи овој медал, сакам секој Србин да знае дека е на сите нас.
Претставувањето на нашата нација е најголемата чест во светот. Овој медал, овие моменти, овој живот – ништо од тоа не би било возможно без вашата непоколеблива поддршка. Ова е поради вас. Ова е за вас. Ви благодарам. Ве сака Ноле“, напиша Ѓоковиќ на социјалната мрежа „Икс“.