Холивуд во тага, почина ѕвездата од „Ѕвездени патеки“

Актерот Рене Обержоноа починал по долго боледување од рак на белите дробови, потврдил за Си-ен-ен неговиот син Реми.

Тој беше познат по неговата улога во „Star Trek: Deep Space Nine“, „Boston Legal“, „Benson“ и во многу други.

Добитник е на наградата Тони, за улогата во театарскиот мјузикл „Коко“, бил повеќепати номиниран за истата награда, како и за најпрестижната телевизиска награда Еми.

„Тој беше во брак со мајка ми 56 години. Беше посветен татко и дедо и имаше неповторлива смисла за хумор“, изјавил синот Реми.

Веднаш по веста, сочувство изразиле и неговите колеги Вилијам Шатнер и Џорџ Такеи, нарекувајќи го прекрасен и интелигентен човек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e