Грчка пејачка имала мозочен удар за време на концерт

Грчка пејачка на народна музика, според локалните медиуми, имала мозочен удар за време на концерт. Таа итно е пренесена во болница и според локалните медиуми е во критична состојба.

По падот Маринела наводно накратко се освестила во соблекувалната, по што била пренесена во болница. Вознемирувачката сцена се случила веднаш по почетокот на концертот кога таа го испеал рефренот на еден од нејзините најголеми хитови „Јас и ти“.


Откако се онесвестила, музичарите веднаш ѝ притрчале да помогнат додека публиката немо гледала што се случува. Концертот веднаш бил прекинат. Еден од публиката за грчките медиуми изјавил дека Маринела не изгледала добро кога застанала на бината и дека имала изгубен поглед, пренесува Б92.

Киријаки Пападопулу, позната по уметничкото име Маринела, ја објави својата прва песна во 1957 година, а досега има снимено 66 албуми.

Учествувала на Евровизија во 1974 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e