Голема загуба за Холивуд: Почина актерот Дени Ајело

Холивудскиот ветеран Дени Ајело почина во болница, на возраст од 86 години, како последица од тешка инфекција.

Тој се прослави со култните улоги во „Кум 2“, „Руби“, „Беше еднаш во Америка“, „Розата од Каиро“, „Професионалец“, „Врела ноќ“ и многу други.

Негова најпозната улога е во хитот на Спајк Ли од 1989 година, „Направи го вистинското нешто“.

Ајело е роден 1933 година, а во актерството се прослави доста доцна, на своја 42-годишна возраст. Претходно работел како возач на автобус, како и вратар во ноќни клубови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e