Голема чест за познатиот АКТЕР: Покрај британското доби ПОЧЕСНО државјанство од оваа држава

Властите на западноафриканската држава денес му ги врачиле дипломатските пасоши на 47-годишниот актер и неговата канадска сопруга, замолувајќи ги да служат како амбасадори за брендот на земјата.

Сиера Леоне, земја со недопрени плажи, сурфање, шимпанза, позната е по бруталната војна од 1991 до 2002 година, која е опишана во филмот „Blood Diamond“.

Туризмот тек започнал да се опоравува кога повторно бил погоден поради епидемијата со ебола од 2014 – 2016 година во која починале скоро 4.000 луѓе само во Сиера Леоне.

Денеска, претседателот на земјата Џулиус Маада Био, доручкувал со Елба и неговата сопруга. Тој ги поканил да го сменат мислењето за оваа земја и да покажат дека се работи за земја со многу шанси за инвестирање и е една од најдобрите туристички дестинации.

Елба е пораснат во Велика Британија, татко му е од Сиера Леон, а мајка му од Гана.

Актерот е познат по улогите во серијата Лутер, и во филмовите од франжизата на Марвел, а магазинот Пипл го прогласи за најсекси маж во 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e