Георгина ќе заработи 120 000 евра за позирањето на насловната на „Вог“

Партнерката на Роналдо, Џорџина Родригез, позирала на насловната страница на португалскиот „Vogue“, а тамошните медиуми шпекулирале колку заработила за овој ангажман.

Медиумите пишуваат дека поубавата половина на Роналдо наводно заработила помеѓу 100 и 120 илјади евра.

На една од фотографиите таа носела комплет, односно тексас јакна и фармерки во стилот на 2000-те години. Комбинацијата ја „зачинила“ со златен ремен и минимален ѓердан. На другата фотографија, Џорџина носела долг фустан со животински принт, црни сандали со светкави детали и светкав ѓердан.

За потсетување, Родригез неодамна објавила фотографија со Роналдо на која уживаат на вечера, но следбениците забележале еден детаљ – усните на Џорџина кои делувале поголеми од претходно.

„Што направила со усните?“, „Усни полни со ботокс“, „Зарем и таа мораше да го направи тоа“, пишувале нејзините следбеници под новата објава.

Инаку, парот е моментално во Саудиска Арабија бидејќи фудбалерот игра за клубот Ал Наср. Во последно време се зборува за проблемите во нивниот однос, додека Џорџина сето тоа го оспорува со нови фотографии од нив двајца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e