Фустанот во кој Монро му пееше на Кенеди наскоро на аукција

Преубавиот тесен фустан во кој Мерилин Монро му пееше “Happy birthday Mr. President” на Џон Кенеди, наскоро ќе биде ставен на аукција во Лос Анџелес, објавија од Julien’s Auctions.

Мерилин во фустанот со боја на кожа, дизајниран од Жан Луис изгледаше како да е потполно гола.

Три месеци после настапот таа почина од предозираност а Кенеди беше убиен наредната година во Далас.

Аукцијата е закажана за 17 ноември а се очекува цената да достигне до три милиони долари.

marilyn

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e