(ФОТО) Се омажи ќерката на Бранко Црвенковски

Ќерката на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, Марија Црвенковска, изминатиот викенд го кажа судбоносното „да“ заедно со своето долгогодишно момче Дамјан. 1На венчавката, која се одржа во еден од најпознатите скопски хотели во строгиот центар на градот, присуствувале многу роднини и пријатели, а дел од атмосферата беше пренесена и на социјалните мрежи.

2

Убавата Марија носела елегантна венчаница, надополнета со нежна фризура и дискретна шминка, а парот го одиграл својот прв танц на песната „Љубовта е моја религија“ од Каролина Гочева и Владо Јаневски.

Инаку Бранко Црвенковски со сопругата Јасна го има и синот Љупчо, кој неодамна доби принова во семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e