(ФОТО) Остана без едно око во војната во Украина, а сега позира за „Плејбој“

Манекенката и ТВ водителка Ирина Билоцерковец се нашла на насловната страница од машкиот магазин „Плејбој“ како симбол на отпор на Украина.

Да ве потсетиме, Ирина минатата година во февруари беше на лекување и многубројни операции затоа што претрпе сериозни телесни повреди во текот на вооружен напад на Украина.

Таа се лекувала во болница во Берлин, а сега за „Плејбој“ открила и како се чувствувала по реконструкцијата на лицето.

„Ми недостасува едно око, косата ми беше избричена по операцијата, имав големи рани, а останаа и лузните. Изгледав како Франкенштајн. Немам убаво лице, но останатиот дел од телото е совршен“, рекла Ирина.

Таа морала да помине низ четири сериозни операции затоа што животот ѝ бил загрозен.

„Не беше прашањето за зачувување на мојата убавина, беше прашање на животот. Докторите мислеа дека ќе умрам. Меѓутоа, како што гледате преживеав и ќе продолжам да се борам“, изјавила таа.

Како што наведуваат од уредништвото на магазинот, Ирина е вистинска хероина, чија животна приказна ја претставила во изданието „Women Stay Strong“.

Споменатото издание на „Плејбој“ магазинот посветено е за жените кои без оглед на настаните во Украина, останаа живи и не го изгубиле животот во војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e