(ФОТО) Непрепознатлива – Агилера ги ослабеа облините со „оземпик“

На неодамнешниот настап во Мексико и Лас Вегас таа го покажа својот нов изглед.

Познатата пејачка Кристина Агилера (43) освен по одличните песни и гласот, беше позната и по занесните облини. Таа со години се бори со вишокот килограми.

Еден од нејзините обожаватели на социјалните мрежи објавил видео од пејачката за време на гостувањето во една емисија во Мексико, каде се гледа дека таа драстично ослабела. Таа била гостин во една телевизија по повод концертот што го имаше во оваа земја.

Се проценува дека за кратко време изгубила речиси 20 килограми и се исушила како гранка.

Кристина неодамна го претстави својот нов изглед на настап во Лас Вегас. Додека го пееше својот познат хит „What a girl wants“, таа беше облечена во тесно, провокативно боди кое го истакнуваше нејзиниот тенок струк.

Нејзиниот изглед беше мета на коментари од фановите на социјалните мрежи кои се посомневале дека таа ги користела озлогласените инјекции Оземпик, кои, пак, ги користат дијабетичари, а станаа хит меѓу славните за да се ослободат од вишокот килограми.

– Пејте заедно со мене… Оземпик! – напишал еден нејзин обожавател, асоцирајќи на рекламниот џингл за овој лек.

– Проклетство, изгледа неверојатно! Посакувам и јас да бидам на Оземпик како и сите други, но се плашам од несаканите ефекти.

– Оземпик има страшни последици, но искрено, кај неа направил чудо. Изгледа неверојатно.

– Најдобриот резултат на Оземпик досега! – беа само дел од коментарите за новиот изглед на пејачката.

А, пред само неколку месеци Кристина за магазинот „Health“ изјави дека мрази да биде многу слаба и дека почнала да ги прифаќа своите облини и своето тело такво какво што е.

По долгогодишна борба со вишокот килограми, таа сега е послаба од било кога. Како што изјави своевремено, таа се придржува до здравата исхрана и ригорозните вежби, а практикува јога, бокс, тренинзи за сила и кардиовежби, и тренира два до пет пати неделно.

Сепак, нејзините обожаватели се убедени дека таа всушност ги користи инјекциите Оземпик за слабеење. Овој лек е наменет за третман на дијабетес тип 2, а во последните месеци стана популарен и го користат и здрави луѓе за слабеење. Се верува дека „го потиснува апетитот“, го забавува варењето на храната во желудникот, поради што чувството на ситост трае подолго. Се храните помалку и така губите килограми.

Сепак лекарите апелираат дека овој лек не смее да се користи за слабеење без надзор на доктор бидејќи може да има сериозни здравствени последици.

Особено е опасно доколку го купувате преку Интернет, бидејќи навистина не знаете што користите. Ова се само некои од опасните несакани ефекти на земањето Оземпик на своја рака:

-Мачнини и повраќање

-дијареа

– вишок кожа што се појавува на телото поради наглото слабеење

– Појава на повеќе брчки на лицето поради губење на масното ткиво

– нарушување на функцијата на панкреасот

– дехидрација

-болки во стомакот поради панкреатитис

-отежнато дишење

-зголемено чувство на жед

Извор: srecna.republika.rs

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e