Наоми Кембел има 54 години, но и понатаму важи за една од најзгодните жени на сите времиња. Иако нејзината манекенска кариера е далеку зад неа, нејзината манекенска градба не е, а тоа го покажа и со новите фотографии од летувањето.
Наоми моментално летува со пријателките на Ибица, а папараците ги фотографирале како уживаат на луксузна јахта. Манекенката како и секогаш го украла целото внимание.
Таа носела металик бикини во златна боја, а својот изглед го комплетирала со очила и неколку парчиња накит.
Освен што носела ѓердан, Наоми го украсила и стомакот со синџир наменет за овој дел од телото. Но, бидејќи на синџирот биле закачени неколку приврзоци, некои од нив се поместиле повеќе од што требало, па на прв поглед многумина помислиле дека манекенката има пирсинг на интимната регија.
Наоми исто така ставила и марама на главата, бидејќи, како што и самата вели, нема коса, односно е ќелава.
Тоа е најверојатно последица од третирањето на косата со разни препарати и ставање тешки екстензии. Манекенката веќе со години носи прави екстензии за коса наместо својата природна кадрава коса.