(ФОТО) Лепа Брена сака луксуз, носи часовник од 50.000 евра

Пејачката Лепа Брена има уникатен часовник „ролекс“, кој е посебен и редок модел. Еве ги деталите за дизајнот на ова скапоцено и луксузно парче.

Моделот Pearlmaster е 39 мм голем розов златен „ролекс“ со функција за датум. Овој часовник најчесто се гледа на рацете на мажите (поради големината), а за дамите е резервиран женски часовник од 29 мм.

Меѓутоа, Лепа Брена се одлучила за овој златен модел со дијамантска рамка, дијамантски индекси и прекрасен виолетов бројчаник.
Часовникот вреди 50.000 евра, толку е неговата пазарна цена, а најлесно може да се препознае по налката, која се разликува од сето она што „Ролекс“ го понудил досега.

Инаку, Брена нагласува дека не е расипничка и дека води сметка за секој денар бидејќи никогаш не го заборавила периодот од својот живот кога едвај имала за кифла.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e