(ФОТО) Грчката манекенка која не ги средува веѓите се појави во Кан – следеа бурни реакции

Грчката манекенка Софија Хаџипантели стана тема на социјалните мрежи откако на Канскиот филмски фестивал се појави во природно издание.

Имено, таа веќе со години не ги средува своите веѓи и поради тоа привлекува внимание каде и да се појави. Иако повеќето ја критикуваат затоа што одлучила да го прифати природниот изглед на своите веѓи, Софија воопшто не обрнува внимание на негативните коментари.

Таа претходно, во текот на гостувањето во емисијата „Good Morning Britain“ изјави дека нејзините предци ја инспирирале да се прифати себеси онаква каква што е.

„Едноставно одам по улица без никакво размислување. Негативни, позитивни, охрабрувачки, понижувачки и било какви други реакции ми се забавни“, навела таа.

Очекувано, следеле бројни реакции на социјалните мрежи.

„Оваа девојка има очајна потреба да докаже дека е поинаква од останатите“, „Многу необична“, „Што и да зборуваат за неа, таа е прекрасна“, се дел од коментарите.

Софија присуствувала на премиерата на филмот „Killers of the Flower Moon“ на Мартин Скорсезе. Таа на црвениот тепих во Кан носела креација од германскиот дизајнер Филип Плејн и потпетици со потпис на Џузепе Заноти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e