(ФОТО) Дали сте знаеле дека има барбика „Лепа Брена“ – еве како изгледа и колку чини?

Пејачката Лепа Брена е една од најголемите ѕвезди на музичката сцена во регионот, а пред 30 години за нејзината популарност придонесе и куклата со нејзиниот лик. Уште од нејзиното пуштање во продажба, „барбиката“ на Лепа Брена беше и остана симбол на незаборавно време и музичка еуфорија.
1

Лансирана во исто време со албумот „Боли ме уво за све“ и филмот „Хајде да волимо 3: Удаје се Лепа Брена“, оваа кукла со ликот на позната пејачка доминираше во југословенскиот простор и ги освои срцата на многумина.

Популарната кукла носеше костим, капа и црвени чизми, исто како што беше облечена Лепа Брена во филмот и спотот за песната „Хајде да се волимо“. Спакувана во кутија, факт што дополнително привлече внимание и стана омилен предмет на многу девојчиња и момчиња низ Југославија.

Оваа кукла и денеска може да се најде на интернет по цена од дури 13.000 динари (околу 111 евра). Импресивно е што цената на оваа кукла е речиси тројно зголемена во последните три години, бидејќи е многу барана од колекционерите и е еден од најбараните сувенири од минатото.

Иако бизнисот со производство на кукли со ликот на Брена престана пред многу години, интересот за куклата никогаш не се намали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e