(ФОТО) „Црната пантера“ позира целосно гола за најновата модна кампања на Ванг, ама „ се боцка“

Наоми Кембел позирала гола за новата модна кампања на дизајнерот Александар Ванг.

Нејзиното тело било украсено со „боцки“, а на рамото носела чанта од неговата колекција, како и високи потпетици. Многумина не ја препознале веднаш поради кратката фризура.

Иако во последните неколку години се појавува поретко на модните писти и во реклами, Наоми сè уште важи за една од најпопуларните манекенки на светот.

Ванг во соопштението навел дека оваа кампања „ја истражува идејата на трансформација низ силна, моќна и алфа жена која Наоми ја отелотворува“.

На Инстаграм, дизајнерот напишал дека му било сон да работи со неа и додал дека не треба дополнително да ја претставува.

Како што е веќе познато, Ванг во 2020 година беше обвинет од страна на неколку луѓе за сексуално злоставување, но тој ги негираше сите наводи.

За потсетување, Кембел во 2022 година доби ќерка, а оваа година доби син. Но, бидејќи таа својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста, сè уште не се познати нивните имиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e