(ФОТО) Чека развод од Карлеуша за да ја запроси – ова е новата девојка на Душко Тошиќ

оранешниот српски фудбалер Душко Тошиќ (38) е во врска со пејачката Ина Гардијан, дознава српски „Информер“.

Како што дознава порталот, фудбалерот и сè уште законски сопруг на српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша е во врска со седум години помладата пејачка Катарина Ина Гардијан, а во последно време нивната романса преминала на повисоко ниво, па дури размислуваат и да застанат на „лудиот камен“.

Според приказната на изворот на „Информер“, парот претходно не се ни криел, па биле видени и како разменуваат нежности на сплав во Белград, на приватна забава.

– Катарина таа вечер пееше на приватна прослава на Ада, каде што беше и Душко. По извесно време, кога повеќето гости си заминаа, почнаа да разменуваат нежности пред присутните – вели изворот, па додава:

– Нивната врска е сериозна, сè што го спречува Тошиќ да ја запроси Катарина е тоа што Карлеуша не му дава развод. Тие двајца често патуваат и се неразделни – завршува изворот за „Информер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e