(ФОТО) Цеца ќе настапува во неверојатен луксуз во Дубаи

Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ во рамките на својата музичка турнеја има закажан настап во Дубаи.

Во организација на Balkan Music Events, Цеца ќе настапи на 15 ноември 2024 година во хотелот Рами Дрим, поточно, специјално реновираниот Vice Club, кој е дел од овој скап хотел со 5 ѕвезди и зрачи со вистински луксуз, пренесува српски Телеграф.

За нејзиниот настап се бара карта повеќе.

Инаку, салата во која ќе настапи Цеца е гламурозна. Целата сала е во злато, лустерите се од кристал, а ѕидовите се посебно рачно украсени. Сепарињата се распоредени така што секој има свој простор и приватност.

Насекаде има големи LED екрани, така што секој гостин може да ја следи изведбата и „од близу“ да ја гледа пејачката.
Хотелот се наоѓа во близина на познатиот Бурџ Калифа, и нуди совршен поглед на највисоката зграда во светот, која е и една од главните атракции во Дубаи и воопшто во Емиратите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e