(ФОТО) Цеца и Анастасија покажаа како изгледаше крштевката на малиот Жељко

Богдана и Вељко Ражнатовиќ вчера го крстија својот наследник Жељко, а Цеца објави фотографија од внукот.

Таа му посака здравје и среќа, а нејзината порака што ја напиша на Инстаграм ги воодушеви сите.

„Нашиот мал и сакан Жељко! Среќна крштевка. Секогаш да си ни среќен, здрав, сакан, успешен, да пораснеш во човек со благородно срце на кое ќе бидеме горди“, напиша Цеца, а потоа се огласи и нејзината ќерка Анастасија. Таа сподели преслатко видео со следнава порака:

„Срце мое најслатко. душички на мојата душа. Нека ти е среќна крштевката. Бог знае колку те засакав штом дознав дека ќе се родиш, а уште повеќе кога прв пат те здогледав. Овој ден за мене е голем ден, еден од оние што ќе го памтам цел живот. Немам свои деца но верувај ми дека те чувствувам и гледам баш како да те родив. Љубовта што ја чувствувам кога ќе те погледнам во тие твои невини паметни очиња е неизмерлива. Знам дела ќе се гордеам со тебе и дека ќе бидеш момче какво што нема. Те сакам најубаво мое повеќе од животот мој!“ порача Анастасија Ражнатовиќ на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e