(ФОТО) Бритни Спирс се огласи откако беше откриено дека се разведува од младиот сопруг

Бритни Спирс го прекина молкот откако беше откриено дека се разделила од сопругот Сем Асгари.

Пејачката (41) сподели бизарна објава на Инстаграм во која објави дека планира да купи коњ, откако беше откриено дека нејзиниот сопруг (29) поднел барање за развод во средата.

Бритни сподели слика од себе облечена во жолто бикини додека јава коњ на плажа и напиша:

Наскоро ќе купам коњ! Толку многу опции што е малку тешко. Коњ по име Софи и друг по име Роар? Не можам да се одлучам! Дали да носам розова каубојска капа??? Како и да е, мислам дека се одлучив за Роар.


Тоа доаѓа неколку часа откако Бритни беше сликана без нејзиниот венчален прстен.
Според судските документи, Асгари од мултимилионерот бара сопружничко издржување и да бидат покриени судските и адвокатските трошоци.

Што се однесува до нивните финансии, адвокатот на Асгари, Нил Херш изјавил дека работите допрва треба да се утврдат и покрај тоа што двојката има „цврст предбрачен договор“ за заштита на предбрачниот имот на пејачката.

„Сем допрва треба да ја утврди целосната природа и обемот на посебните средства и обврски на секоја страна“, истакнал Херш.

Извор посочил дека е малку веројатно дека предбрачниот договор ќе биде отфрлен и дека е поверојатно „Бритни да му напише чек на Сем и тоа да биде крајот“.

„Page Six“ објави дека Бритни ја ангажирала адвокатката за развод на славните личности, Лаура Васер, која може да се пофали со клиенти како Ким Кардашијан, Кевин Костнер и Џони Деп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e