(ФОТО) Александра Пријовиќ сподели фотографија со мајка си од одмор

Александра Пријовиќ замина на заслужен одмор откако ги заврши нејзините спектакуларни концерти низ регионот.

Имено, пејачката деновиве објави дека е на егзотична дестинација со сопругот Филип, синот Александар, но и со нејзината мајка Борка.

Александра со денови објавува моменти од одморот на социјалните мрежи, но сега и Борка сподели селфи со својата ќерка.

На фотографијата и двете се во елегантни бели кошули, а нема сомнеж дека сличноста меѓу нив е голема, па некои во коментарите истакнаа дека двете се како сестри.

Инаку, мајката на Александра истакнува колку е горда на успехот на нејзината ќерка, а неодамна зборуваше и за нејзината кариера. Таа се осврна и на тоа што Александра не завршила средно училиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e