Филмот „Барби“ заработи неверојатни 1,03 милијарди долари

Помалку од три недели од почетокот на прикажувањето, блокбастерот на сценаристката и режисерка Грета Гервиг „Барби“ заработи неверојатни 1,03 милијарди долари на светскиот пазар, соопшти продуцентската куќа „Ворнер Брос“.

На овој начин Гервиг влезе во аналите како прва жена режисер на филм кој заработил милијарда долари, објави Си-Ен-Ен.

„Јас сум во оваа игра 30 години и феноменот Барби е без преседан, толку и непредвидлив“, изјави Пол Дергарабедјан, медиумски аналитичар во ComScore.

Тој изјави дека само околу 50 филмови во историјата достигнале милијарда долари и додаде дека маркетиншката кампања на филмот е првото навестување дека „Барби“ ќе биде успешна на кино благајните.

„Маркетиншката кампања за „Барби“ започна синџир на настани што доведоа до додавање на зборот „Барбенхајмер“ во популарниот лексикон, благодарение на заедничкиот датум на прикажување на двата филма. Тогаш сите знаевме дека се подготвува нешто многу посебно и дека тоа ќе биде многу поголем резултат од очекуваното, не само за првиот викенд, туку и за неговото глобално издание“, рече Дергарабедјан.

Глобалниот успех на „Барби“ беше поттикнат од силната продажба на боксофисот на некои од најголемите светски филмски пазари, вклучувајќи ги Велика Британија, Мексико и Австралија. Филмот е на врвот на тие пазари секој викенд откако е отворен.

За неговиот голем успех придонесе и фактот што филмот помина многу добро во Кина, вториот по големина пазар во светот, и покрај тоа што во последните години станува се поизолиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e