Филмот „Барби“ по првиот викенд од премиерата стана најгледан во 2023

Новиот филм за Барби во кој Маргот Роби ја глуми легендарната кукла доминираше во кината овој викенд, со заработка од 155 милиони долари во американските кина и повеќе од 300 милиони долари ширум светот.

Со тоа стана филм со најголема заработка во 2023 година, објави дистрибутерот „Ворнер Брос“.

Филмот на Кристофер Нолан „Опенхајмер“ за создавањето на атомската бомба ги надмина очекувањата и заработи 80,5 милиони долари во американските кина. Битката за првото место на шега беше наречена Барбенхајмер.

Податоците за заработката се значаен поттик за студијата и кината кои досега имаа разочарувачко лето. Продажбата на билети падна под нивото од минатата година и покрај повеќе филмови во киносалите. Барбенхајмеровата треска со два мошне очекувани, но сосема различни филма кои се појавија во кината во исто време, предизвика огромни гужви во кината.

Барби е филм за кукла која дебитирала пред шеесет години, од перспектива на режисерката на „Малите жени“, Грета Гервиг. Заработувајќи 155 милиони долари во првата недела од прикажувањето, ја надмина заработката на Super Mario Bros. Барби е и режисерски филм со најдоброто отворање досега.

Во драмата Опенхајмер, Силијан Марфи го игра американскиот научник Џ. Роберт Опенхајмер кој ја создал атомската бомба. Филмот доби одлични критики и се очекува да биде номиниран за многу Оскари.

Филмот заработи дополнителни 93,7 милиони долари на меѓународните пазари, со што вкупната вредност достигна 172,2 милиони долари, според дистрибутерот Universal Pictures.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e