Филмот „Барби“ го надмина „Хари Потер“ по заработка

Филмот „Барби“ го надмина филмот „Хари Потер и реликвиите на смртта: Втор дел“ според заработката, со што стана филм со најголема заработка во историјата на дистрибутерската компанија „Ворнер Брос“.

Филмот досега има заработено повеќе од 1,3 милијарди долари, пренесува лондонски тајмс. Весникот наведува дека „Барби“, базиран на Барбиленд и со Маргот Роби во главната улога, стана културен феномен благодарение на одличната маркетинг кампања.

Некои медиуми пишуваат дека Маргот Роби би можела да заработи повеќе од 50 милиони долари од филмот во кој таа беше една од продуцентите. „Ова извонредно достигнување не потсетува на моќта на кинољубителите во сите земји во светот“, се вели во изјавата на директорите на компанијата „Ворнер Брос“ Мајкл де Лука и Пем Абди.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ Почина легендарниот пејач Џими Бафет
И покрај големата заработка, „Барби“ сепак не влезе во топ-10 филмови со најголема заработка на сите времиња. На прво место и понатаму е „Аватар“ од 2009 година, кој на глобално ниво заработи речиси три милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e