Еве колкав хонорар бараат балканските музички ѕвезди за настап на свадба

Балканските музички ѕвезди редовно настапуваат на свадби, а благодарение на тоа некои од нив заработуваат и вртоглави суми.

Секако, музиката е еден од најважните фактори за младенците кога станува збор за свадбената прослава, бидејќи всушност од музиката зависи најголемиот дел од забавата и расположението на гостите. За сите фанови на балканските ѕвезди, еве колкав е нивниот хонорар за настап на свадба.

За настап на Лепа Брена треба да се издвојат дури 30.000 евра. Брена неодамна за споменатата сума пеела на свадба на пар во Мајорка. Настапот траел час и половина. За настап на Цеца, исто така треба да се одвојат 30.000 евра, но времетраењето на нејзиниот настап е пократко, односно трае половина час. Тие две се најверојатно на врвот на листата на најскапи изведувачи на нашите простори.

Настапите на Тони Цетински и Жељко Јоксимовиќ чинат по 10.000 евра.

Јелена Розга настапува за хонорар од 6.000 евра, а Неда Украден 5.000 евра. Хрватскиот медиум „Вечерњи лист“ претходно објавил дека Северина настапува на приватни забави исклучиво во Србија и Црна Гора, а хонорарот се договара поединечно. Сепак, не се знае за која точна сума станува збор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e