Агнеса искрено одговори на прашањето од кое бегаат скоро сите жени.
Секогаш од средена од глава до пети, нејзините модни комбинации се инсоирација за многу жени.
Агнеса Органџиева по професија е правник, но голема популарност стекна со нејзините објави на социјалните мрежи.
Обожава луксуз, мода и патувања.
Мајка е на две деца, а може да се пофали со вајана фигура каква посакува секоја девојка.
Популарноста кај неа дојде сама по себе, но таа и тоа како умее да ја искористи.
На Инстаграм има над 103 илјади следбеници и се разбира дека од тоа има бенефит.
Освен објавите поврзани со брендовите кои ги рекламира, на нејзиниот профил честопати споделува фотографии од нејзиното секојдневие, пријателите и семејството.