Ед Ширан си ископал гроб во дворот: Кога ќе дојде денот, ќе одам таму!

Ед Ширан ги изненади обожавателите кога почнаа да кружат гласина дека сам си ископал гроб во својот двор, а славниот пејач ја потврди гласината во неодамнешното интервју за GQ.

Ширан откри дека тоа е всушност само едно гробно место, направено само за него: „Тоа е дупка ископана во земјата и има карпа над неа, па кога и да дојде тој ден, ќе одам таму“.

Со овој морбиден потег тој ги шокира фановите кои се прашуваат зошто 32-годишниот пејач се подготвува за сопствената смрт, но објасни зошто го направил тоа: „Луѓето мислат дека е многу чудно и навистина морбидно, но јас имав пријатели кои умреле без тестаменти, па никој не знае што да прави“.

Инаку, Ширан се соочил со бројни трагични загуби во приватниот живот, а многумина мислат дека тоа е причината за неговата одлука да си го ископа гробот. Имено, на 31-годишна возраст починал неговиот најдобар пријател Џамал ​​Едвардс, го загуби и својот сакан ментор Мајкл Гудински, а потоа и колегата Шејн Вејн.

Можеби најтешкиот удар што го добил бил кога неговата сопруга Чери Сиборн се борела со тумор додека била бремена со една од нивните две ќерки и не ѝ било дозволено да се лекува дури по породувањето. Токму во тој период ненадејно починал неговиот најдобар пријател Џамал.

„Поминував низ страв, депресија и анксиозност. Се чувствував како да се давам, со главата под површината, гледајќи нагоре, но не можев да земам воздух“, го раскажува своето искуство.

Во чест на најблиските кои починале, Ширан изградил капела каде што одржува и свадби на пријатели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e