Џоан Колинс: Абортирав на 26, детето ќе ми ја уништеше кариерата

Легендарната актерка Џоан Колинс (90) во нејзините мемоари „Behind the Shoulder Pads“ открива многу работи од својот приватен и професионален живот.

Таа раскажува и како во неколку наврати се борела против сексуалната злоупотреба, а за тоа била предупредена од Мерилин Монро. Таа зборувала конкретно за Дерил Зенук, кој во тоа време бил потпретседател за продукција на „20th Century Fox“ и опишала како изгледал неговиот „напад“.

Вдишувајќи чад од пура спроти мене, тој ми се обрати: „Ти немаше никој додека не ме најде мене, душо. Јас сум најголемиот и најдобар и можам цела ноќ“. Бев толку шокирана, па само истрчав назад кон сетот“, истакнала актерката.

Кога имала 26 години, забременила со нејзиниот тогашен свршеник Ворен Бити. Кога му кажала дека е бремена, тој збунето ја прашал:

Како се случило ова?.

Таа се пошегувала дека бебето е на батлерот или можеби е бестелесно зачнување, но веста за бременоста била страшна за него. Имала абортус, иако тогаш бил нелегален. Не сакала да оди во некоја скриена клиника бидејќи се плашела дека нешто лошо ќе ѝ се случи, па Бити ја придружувал кога ја правела процедурата кај некој поранешен хирург во Њу Џерси. Утрото кога требала да абортира, сакала да се откаже, но свршеникот ѝ рекол дека не може.

Душо, не можеме. Не можеме да го направиме тоа… Детето би ни ги уништило кариерите на двајцата. Знаеш дека ќе биде така, ѝ рекол Бити.

Џоан додала дека 1960-тите биле мрачен период за жените и девојчињата. Со вториот сопруг, актерот Антони Њувли, има две деца Тара и Саша, а со третиот сопруг Рон Каса ја има ќерката Кети.

Да имав дете во моите 20-ти, немаше да имам кариера, заклучила актерката, која и на 91-годишна возраст ја фалат за витата фигура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e