Џиџи Хадид во љубовна врска со Бредли Купер

По кратката и неуспешна врска со актерот Леонардо Ди Каприо во август годинава, супермоделот Џиџи Хадид сега е во врска со познатиот актер Бредли Купер, објавуваат американските медиуми.

Американскиот модел од палестинско потекло неодамна беше виден како заедно со Бредли Купер излегува од еден њујоршки ресторан, без никаква намера да крие дека се во романтична врска.

Купер неодамна стави крај на својата врска со манекенката Ирина Шајк, која пак, од пред неколку седмици е во врска со Том Брејди.

Џиџи Хадид која по потекло е од Палестина последните седмици на социјалните мрежи активно ги брани правата на недолжно настраданите Палестинци во Газа, особено децата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e