Џеки Чен го прослави својот 70-ти роденден

На интернет се појави нова фотографија од Џеки Чен која предизвика многу реакции.

Имено, познатиот актер го прослави својот 70-ти роденден, а неговата појава ги загрижи некои обожаватели.

Меѓутоа, како што самиот објасни, неговиот „постар изглед“ е за улога во филм кој моментално го снима и кој бара од него да изгледа така, откако неговите обожаватели изразија загриженост за неговиот изглед на фотографиите од прославата на 70-тиот роденден.


„Многу пријатели ме потсетуваат: Џеки, полниш 70 години! Секогаш кога го слушам тоа, срцето ми застанува, веќе имам 70 години? Но по некој момент, се потсетувам на една изрека што ја слушнав од мојот постар брат – „да можеш да остариш е благослов“, рече Чен.

Тој додаде дека има среќа што сè уште снима
“Кога гледам стари фотографии, ми будат многу убави спомени. Сè што можам да кажам е дека обожавам да снимам филмови и ги сакам сите обожаватели”, рекол актерот по повод роденденот.

Џеки моментално работи на повеќе проекти како што се „New Police Story 2“, „Down to Earth“ и „Once Upon a Zodiac“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e