Приватниот живот на Јелена Карлеуша отсекогаш ја заинтригирал јавноста, особено нејзиниот љубовен живот. Многумина ги интересира во каков однос е со сопругот Душко Тошиќ, па сега познатата пејачка реши да го открие тоа.
Како што истакна, таа и поранешниот фудбалер немаат директна комуникација.
„Луѓето сакаат да се занимаваат со мојот приватен живот и со мојот брак. За жал. Со сопругот Душко разговарам преку дадилката и децата. И адвокат. Душко е убав, тој е убав маж“ – вели Јелена.
Од друга страна, многумина се интересираат и дали Карлеуша има додворувачи.
„Мажите не ми се додворуваат, а ниту жените. Кога ќе научиш со години да те удираат во глава како во бокс, тогаш го добиваш тој борец. Приватно, јас сум една душа од жена. Јас сум толку добра приватно, нежна и мила, љубезна… Сосема спротивно од она што моите драги следбеници го мислат за мене. И тогаш луѓето имаат предрасуди и никој не сака да ме мува, никој нема да праќа шампањ. Читам се во весниците, тие им праќаат шампањ на некои старлети. Како тоа, никогаш немам никој?!“ – праша ЈК во емисијата Диван шоу на Телевизија Курир.