И денеска е „бомба“ – Колку години има пејaчката со најубави нозе?

Снежана Бабиќ – Снеки е активна на балканската јавна сцена веќе неколку децении, а малкумина знаат колку години има таа.

Досегашната кариера на Снеки не ја одбележа ниту еден скандал, а приватниот живот успешно го држи подалеку од очите на јавноста и сè уште е меѓу најатрактивните и негувани дами на јавната сцена.

Важи за една од најубавите пејачки, а многумина ја нарекуваат сопственичка на најдобрите нозе на сцената.

Таа на јавноста и е позната уште од времето кога се појави во филмот „Тесна кожа“, а денес привлекува големо внимание кај медиумите поради нејзините хитови и физичкиот изглед. Родена е во Панчево, каде што завршила основно училиште, по што со семејството се преселила во Белград.

Тоа што малкумина го знаат е колку години навистина има Снеки. Снежана Бабиќ е родена на 1-ви октомври 1967 година во тогашна СФРЈ и сега има 55 години.

Таа изгледа многу помладо, а многумина се шокираат кога ќе слушнат колку години навистина има. Снеки отсекогаш важела за жена која се грижи за својот изглед, а јасно е дека тоа одлично го прави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e