„Често плачам пред да одам во кревет“: Ким откри како е да се биде самохрана мајка

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан неодамна зборуваше во подкастот „On Purpose with Jai Shetty“ за родителството и предизвиците со кои се соочува како самохрана мајка.

Таа отворено зборуваше за тоа како родителството е една од најпредизвикувачките работи во нејзиниот живот, но и дека тоа е и најнаградувачката работа на светот.

Ким вели дека е тешко да се биде самохрана мајка и нивниот дом често е во хаос, поради што таа понекогаш лежи во кревет со часови прашувајќи се дали ќе преживее се што и се случува.

– Често плачам пред да си легнам. Да, секогаш има торнадо во мојата куќа. Понекогаш се прашувам што се случило. Да се ​​биде родител понекогаш е лудост. Највистинитата работа што ја слушнав е дека деновите се долги, а годините кратки. Сепак, тоа е најнаградувачката работа на светот – изјавила Ким.

– Се случува да не ја мијам косата со денови и да ги носам истите пижами – рекла таа.

За потсетување, Ким има четири деца со поранешниот сопруг и рапер Канје Вест, две ќерки Норт (9) и Чикаго (5) и два сина Сент (7) и Псалм (4).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e