Цеца и Жељко со заеднички дует – Публиката нетрпелива

Жељко Јоксимовиќ и Светлана Цеца Ражнатовиќ снимија дует, а ова не е прв пат да соработуваат.

Жељко напиша песна која беше совршена за нивната соработка, по што стапил во контакт со пејачката, известуват српските медиуми.
Цеца и Жељко веќе соработуваа, кога тој и ги пееше придружните вокали за еден од нејзините најголеми хитови „Лепи громе мој“.

Дуетот бил договорен уште пред летото, а песната ќе се појави на новиот албум на Цеца кој е „на пат“.

Овој проект Цеца индиректно го најави пред неколку месеци кога објави како заедно ја пејат песната „Један дан живота“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e