Пејачката се осврна на гласините дека во нивното семејство наводно доаѓа уште еден член.
Во последните неколку дена се шпекулираше дека Анастасија Ражнатовиќ наводно е во блажена состојба.
Сега на оваа тема проговори нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ. Пред почетокот на снимањето на емисијата „Никогаш не е доцна“, таа разговараше со новинарите на оваа тема.
Трачеви! Претпоставувам дека како мајка ѝ прва би дoзнаела дека е бремена… – низ насмевка одговорила Цеца.
Цеца зборуваше и за љубовта на Вељко Ражнатовиќ кон животните.
Неговиот татко многу ги сакаше животните и мислам дека таа љубов ја наследи од него, особено кон кучињата. Човекот чуваше тигар (се смее), што да ви кажам… – соопшти Цеца.
Таа истакна дека нема свое домашно милениче.
Богдана има малтезер, сестра ми померанец, а јас немам. Тие бараат грижа, немам време. И, сега, да земам животни, да ги чува некој друг и да страда животното, не ми паѓа на памет. Имам внуци (се смее) – истакна Цеца.