Цеца проговори за затворските денови: Бев во самица, премрзната, гладна…

Фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ преживеа многу тешки денови кои не сака да ги памети и за кои денес не сака да зборува. Покрај смртта на нејзиниот сопруг во 2000 година, три години подоцна следеше многу тежок период за семејството Ражнатовиќ, кога пејачката по полициската акција „Сабја“ заврши во четиримесечен притвор.

Таа потоа даде интервју за магазинот „Свет“, кое предизвика солзи во очите на читателите, а исповедта на Цеца Ражнатовиќ ви ја пренесуваме во целост.

Две илјадитата година, како и таа што веќе се ближи кон крајот, се двете најтешки години во мојот живот. Верувај ми, понекогаш не можам ни да се сетам низ што поминав.

За време на нејзиниот четиримесечен притвор, медиумите доста интензивно се фокусираа на нејзиниот имиџ и работа…

Мислам дека е поправилно да се каже дека медиумите нон-стоп се занимаваа со мојата личност. Во исто време, повеќето од написите немаат никаква врска со вистината. Можам само да кажам дека е жално, мизерно и нехумано да се заработува од туѓа несреќа.

Без доказ, па дури и вистинити податоци, моето име беше искористувано без никакви граници или размислување. Со години го градев своето име во смисла дека се знае што оди со него и се трудев никогаш да не ѝ дадам причина на седмата сила да пишува лошо за мене. И сега мислам дека во кариерата, па и во приватниот живот немам ниту една дамка!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e