Цеца ќе стане баба по трет пат – Откриен е и полот на бебето што доаѓа

Синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана го очекуваат третото дете.

Вељко ја сподели радосната вест на Инстаграм.

„Доаѓа уште еден брат“, напиша кратко.

Инаку, Вељко и Богдана имаат два сина, Жељко и Крстан.

Заедно со објавата која го покажува резултатот од пренаталниот тест, каде што стои дека полот е машки, тој напиша:

„Слава на Бога! Ти благодарам, Господи, за се што ми даде како грешник. Слава на отецот и синот и Светиот Дух! Богдана, кралице на мојот живот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e