Цеца ќе ја пее насловната песна за филмот на Џеј Рамадановски

На 6 декември се навршуваат три години од смртта на српскиот пејач Џеј Рамадановски, а премиерата на филмот за неговиот живот е планирана токму за тригодишнината од неговата смрт, пишува српски „Телеграф“.
Филмот е подготвен за свечена проекција, а како што открива извор близок до режисерот, насловната нумера на филмот ќе ја отпее српската фолк-пејачка и блиска пријателка на Џеј, Светлана Цеца Ражнатовиќ, дознава екслузивно и пренесува „Телеграф“.

– Постоеше одредена песна која пред неколку години Марина и Фута ја напишале за Џеј, а која тој никогаш не ја снимил. Во тоа време веќе беше болен и немаше сила да ја сними, а многу му се допадна. Песната остана во „фиока“ сè додека не се создаде идејата за снимање на филмот. Потоа, Фута ја понуди на режисерите кои ја прифатија со одушевување – рекол изворот и додал:

– Долго размислувале кој од неговите колеги би можел да ја отпее песната и едногласно заклучиле дека Цеца е најадекватна, бидејќи ја има таа емоција во гласот. Веднаш ѝ се јавиле и Цеца воодушевено прифатила. Била многу емотивна, како поради тоа што Марина ја напишала песната, така и затоа што требало да ја пее за потребите на филмот на нејзиниот голем пријател – ја завршува приказната изворот.

Фута дури им дал и демо верзија на песната што ја отпеал Џеј. Благодарение на обработката на звукот, но и на вештачката интелигенција, тие успеале да ја склопат и верзијата на Џеј ќе се најде во одјавата на филмот, дознава „Телеграф“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e